Кампања „Вакцинирај се“ за што помасовна имунизација и борба против лажните вести за вакцините

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Под мотото „За моментите на среќа, вакцинирај се!“, владата ќе се обиде да ги разубеди антиваксерите во нивните ставови за полезноста од вакцините против ковид-19.

„Антиваксерското дезинформирање на населението ја укажува потребата од точно информриање за вакцинирањето. Сите мора да разбереме дека вакцините се единствениот спас од смртен исход од вирусот. Граѓаните мора да имаат точни информации за да се поттикне прифаќањето на масовната вакцинација. Новиот пик и новиот делта сој потврдуваат дека една од најсуштинските мерки е масовната имунизација на населението. Лежи токму оваа цел. Тие даваат ефект. Погледнете ги бројките од кога се најавија мерките. Само со комплетна вакцинација се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста. Тоа е патот кој е не’ доведе до намален опфат на заболени“, изјави премиерот Зоран Заев.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи