На полноќ поевтинуваат нафтените деривати

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 % во однос на Одлуката од 16.8.2021 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар.

Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.

Од 24.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар);

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 72,00 (денари/литар);

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61,50 (денари/литар);

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 61,00 (денари/литар);

Мазут М-1 НС 35,930 (денари/килограм).

„Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 3,794%, дизелот за 2,287%, екстра лесното масло за 2,886% и кај мазутот намалувањето е за 2,781%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,043%“, информираат од РКЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи