На Царина запленети 1.000 непријавени антигенски тестови во гостиварски автобус

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


При контрола на автобус пријавен за влез на граничниот премин Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи пронашле и привремено задржале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19.

„На ден 22.08.2021 година во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000,00 денари“, соопштија од Царина.

Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи