Нова еко акција во Прилеп, Еко свест Прилеп и Trash Tour: Не за ѓубре, Да за акција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


TrashTour доаѓа и во Прилеп. Се организира еко акција на излетничкото место Шаторов Камен. Акцијата е закажана за во четврток во 17 часот на бензинската ЛУКОИЛ на влезот на Прилеп од каде заедно со организаторите сите учесници ќе се упатат кон планираното место.

Организаторите ќе бидат помогнати од нашите прилепчани од Еко Свест Прилеп.

„Внимание, Прилепчани! TrashTour доаѓа и во вашиот град! Во Шаторов Камен имаме една незавидна ситуација. На убаво излетничко место е украсено со неубави парчиња ѓубре и отпад. Ќе дозволиме да остане така? Кога никој не презема акција, тука сме ние. Бидете и ВИЕ, а мотивирајте ги и другарите и другарките!

Овој пат наши партнери се Еко Свест Прилеп што значи акцијата ќе биде помоќна и ќе има повеќе дружење.

Се чекаме во Четврток, 17:00, кај ЛУКОИЛ на влезот на Прилеп. Од таму сите заедно се упатуваме кон планираното место и се впуштаме во акција. Не доцнете.

Точна локација: https://bit.ly/3mttbgK

Како и секогаш, ние носиме опрема за чистење (ракавици, ќеси, метли, гребла…) и музика, а вие понесете друштво и желба за промена! Не барајте човек за пример, бидете примерот!

Настанот е организиран во рамки на проектот „ЕКО ТУРНЕЈА Македонија – Не за ѓубре, да за акција“, финансиран од Фондацијата Отворено Општество Македонија“, стои во објавата за настанот на Фејсбук.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи