Се следат антиваксерските објави на лекари – наскоро ќе има став од Лекарската комора

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство Венко Филипче  ја осуди појавата на лекари кои шират антиваксерска кампања на социјалните мрежи и соопшти дека лекарската комора ги следи таквите објави на медицинските лица кои го компромитираат процесот на имунизација против ковид и наскоро ќе излезат со став околу овие појави.

„Во однос на ширењето лажни вести во делот кога тоа го прават граѓани… Тие треба да знаат дека со лажните вести го загрозуваат јавното здравје и се доведува до сериозно оптоварување на болниците поради ширењето страв кај луѓето за да не се вакцинираат. Ние ги слушаме сите ставови и на протестите, но досега не сме слушнале издржана контрааргументација за вакцинирањето, бидејќи тие протести се проследени со навреди и закани. Но, во исто време имаме зголемен број граѓани што се вакцинираат, дневно се вакцинираат по 12 до 13 илјади. И тоа е сериозен глас на граѓаните. Во врска со медицинските лица што шират такви ставови, Лекарската комора сериозно ги анализира сите и наскоро ќе излезе со свој став“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи