Филипче: Пандемијата донесе тага, барам разбирање и поддршка, вакцинирајте се

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев на денешната зедничка прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филиче ја промовираа Кампањата „За среќните моменти-Вакцинирај се“ чија цел ќе биде што поголем број на граѓани да ја примат вакцината против Ковид-19.

Заев и Филипче уште еднаш апелираа дека вакцините се безбедни, ефикасни и претставуваат  единствен начин за надминување на пандемијата, за спас од тешките форми на КОВИД и од смртен исход.

Филипче посебно апелира до младите да се вакцинираат.

„Свесен сум дека има различни ставови и пристапи за вакцинацијата, но со сигурност трвдам дека секоја мерка што ја носиме е за што побрза имунизација и разбивање на вирусот. Имаме пораст на вакцинацијата, но се уште сме далеку од потребниот опфат и излез од кризата. Би сакал на младите да им порачам, вакцинирајте се, заштите се себе си и своите најблиски“, рече Филипче.

Во однос на вакциналниот имунитет и оној имунитет добиен од прележана болест, министерот за здравство, Филипче, порача дека подолготраен е тој што ќе се добие при вакцинација.

„Нема дилема дека антителата еден одреден период штитат. Но, суштината е дека имунитетот од вакцината е поефикасен. Граѓаните треба да се стекнат со подолготраен имунитет и да го заштитиме здравствениот систем. Препораките од нашиот комитет се должат на повеќе студии. Траен имунитет е вакциналниот имунитет. Убеден сум дека ќе го издржиме овој бран, ако треба ќе се организираме дополнително“, истакна Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи