Заев на средба со Блер: „Отворен Балкан“ ѝ покажува на ЕУ дека земјите се сериозни на европскиот пат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска го прими поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, кој на средбата ја истакна како исклучително значајна иницијативата „Отворен Балкан” .

Блер информираше дека во Скопје доаѓа во име на неговиот Институт за глобални промени кој во својот фокус ја има поддршката за технолошки развој на земјите кои имаат амбиции да бидат компетитивни и да бидат во чекор со технолошки напредните земји.

Заев ја оцени како добредојдена и правовремена посетата на Тони Блер на нашата земја и на регионот, особено во контекст на определбата за забрзана дигитализација на земјите иницијатори на „Отворен Балкан”, како неопходен чекор за остварување на целите на иницијативата.

На средбата беше истакната и придобивката што со дигитализацијата може да ја добие Македонија во делот на менаџирање со податоци при справувањето со КОВИД-19, односно за ставањето во функција дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет.

Заев и Блер се согласија дека вакцинацијата е најдобро глобално решение во борбата со КОВИД-19 и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи