Научниците предупредуваат дека Европа беше поплавена заради климатските промени и дека поплавите ќе станат редовна појава

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Научниците во неодамна објавена студија предупредуваат дека на Европа и се закануваат големи поплави, како оние што неодамна ги погодија Германија и Белгија. Опасноста од излевање е зголемена за 9 пати, а како причина за тоа ги наведуваат климатските промени.

Анализите покажуваат дека температурите во просек се повисоки за 1,2 степени Целзиусови, со претходните податоци.

Фридрих Ото, климатолог и директор на Институтот за промени во животната средина на Универзитетот Оксфорд, рече дека поплавите покажале дека дури и развиените земји не се безбедни од силните ефекти на екстремните временски услови што се влошуваат поради климатските промени.

Анализирајќи ја матрицата на врнежи низ Западна Европа, научниците дојдоа до проценка на веројатноста кога може да настанат големи поплави. Според нивните наоди, големи поплави како онаа во западна Германија може да погодат која било област на секои 400 години со моменталните временски услови.

„Поплавите во Германија беа редок настан. Од друга страна, можноста тие да се случуваат почесто се зголемува, и таа можност ќе биде поголема во иднина”, вели Мартин ван Алст, директор на Климатолошкиот центар на Црвениот крст.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи