Урнат рекордот во традиционалниот натпревар во лежење – и по 93 часа натпреварот се уште трае

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Рекордот од 52 часа поставен минатата година на традиционалниот натпревар во лежење во Црна Гора веќе е срушен. Но тоа што е интересно е што и после 93 часа натпреварот се уште трае, а во игра за новиот рекорд се тројца натпреварувачи.

На десеттото јубилејно издание кое почна пред пет дена се пријавија десетина луѓе, но сега останаа тројцата најупорни, истрајни да издржат во најдолго лежење.

Организаторот на натпреварот Радоје Благојевиќ истакна дека направените измени, односно можноста натпреварувачите да одат во тоалет на секои 8 часа ја зголемиле можноста ланскиот рекорд да биде соборен, бидејќи тогаш натпреварувачите ја немале таа можност.

Победникот во ова уникатно натпреварување ќе добие награда од 300 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи