Што ги јаде добивките во земјоделството? Десетте најголеми компании лани загубија половина милион евра!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Најголемите 10 компании од областа земјоделство и сточарство, во 2020 година, заедно оствариле поголем приход отколку во 2019 година, но нивната вкупна добивка била помала. Резултатите од споредбената анализа што ја направи Pari.com.mk во соработка со  БизнисМрежа.мк и не се изненадувачки, ако се земе предвид дека цените на храната глобално растеа, што значи дека тие влијаеле врз формирањето на приходната страна, односно компаниите ги зголемуваа приходите со растечки цени, а не секогаш со количини. Од друга страна, раст имаа и влезните цени во земјоделството, што значи тие ја „јадеа“ добивката. Дополнително, во пандемијата се намали и вкупната потрошувачка.

Податоците покажуваат дека 10-те најголеми компании од овој сектор во 2020 година имале остварен вкупен приход од 88,3 милиони евра, додека во 2019-та нивниот вкупен приход изнесувал 86 милиони евра. Што се однесува до добивките, во 2020 година овие 10 компании оствариле вкупна добивка од 7 милиони евра, а во 2019 година нивната вкупна добивка била повисока и изнесувала безмалку 7,5 милиони евра. Значи, во панедмијата, најголемите 10 земјоделски компании загубија речиси половина милион евра!

Сепак, секоја финансиска приказна за овие компании е индивидуална. Иако глобалните бројки го отсликуваат глобалниот тренд, индивидуалните бројки покажуваат дека 5 компании имале раст на добивка, а 5 имале пад на добивката. Со раст на добивка се: ЗК „Пелагонија“ – Битола, АД „Оранжерии“-Хамзали, “Везе Шари“ – Желино, ЗЗ „Единство“ – Челопек и “Вини фарма“ – Илинден. Со пад на добивка се: „Агриа“ – Велес, „Антхура МК“ – Кочани, „Овчеполка“ – Велес, „Уни-агро“ – Велес и „Ветеринар“ – Велес (одгледувач на повеќегодишни посеви).

10 НАЈГОЛЕМИ КОМАПИИ ПО ПРИХОД ВО 2020 ГОДИНА ОД СЕКТОРИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСТВО И СТОЧАРСТВО

(заокружени бројки во евра)

Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

Податоците покажуват дека најголемата тројка во земјоделскиот сектор ја сочинуваат две компании кои и се многу добро познати на јавноста – ЗК „Пелагонија“ и „Агриа“, но и една која барем за широката полулација е речиси анонимна , а тоа е „Антхура“ од Кочани.

На врвот на табелата по остварен вкупен приход во 2020 година се наоѓа најголемиот земјоделскиот комбинат- „Пелагонија“. Минатата година приходите на ЗК „Пелагонија“ биле 17,9 милиони евра, а добивката му била околу 425.000 евра, а во 2019-та година приходите изнесувале 20,3 милиони евра, а добивката неполни 29.000 евра. Како што веќе пишуваше порталот „Пари“, Комбинатот е под мониторинг на банките од септември 2019 година поради огромните долгови што ги имаше кон нив. Тој мониторинг, очигледно го направи своето, со помали приходи да се оствари многу поголем добивка.

На второ место по вкупен приход е „Агриа“. Овој агроиндустриски комбинат е најголем произведувач на свинско месо, а има и фабрика за добиточна храна. Минатата година „Агриа“ остарила вкупен приход од 16 милиони евра, а во 2019 година приходот и бил 14 милиони евра, но имала добивка за околу 50.000 евра погоема отколку лани. Имено, ланската добивка на „Агриа“ беше 816.000 евра, а во 2019 и беше 865.000 евра

Друштвото за производство, трговија и услуги „Антхура“ од Кочани се занимава со одгледување на саден материјал. Компанијата, иако е трета по остварен вкупен приход, лани лошо поминала. Нејзината добивка се намалила за дури 41,4 проценти. Вкупните приходи на компанијата во 2020 година се 10 милиони евра, а во 2019 година изнесувале 9,6 милиони евра. Минатата година ова друштво ја завршило со добивка од околу 530.000 евра, а во 2019 година имала ќар од дури 913.000 евра.

Редакција Пари

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи