Нови правила за влез во Македонија од 1 септември

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од 1 септември ќе важат нови правила за влез во земјава од странство. Имено, домашните и странските државјани при влез во Македонија на граничните премини ќе мора да прикажат сертификат за извршена имунизација, односно примени две вакцини против ковид-19, потврда за прележан ковид-19 не постар од 45 дена од датумот на оздравување, или пак негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влез во земјава.

За нашите граѓани кои ги немаат овие документи, ќе следува карантин во времетраење од 7 дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

За да извршат транзит низ земјава странските државјани ќе имаат рок од 5 часа, со потпишување на изјава при влезот во државава која ќе треба да ја прикажат на граничниот премин при излез.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи