Симовски: Небитно е дали попишувачите се вакцинирани, менување на методологијата не доаѓа предвид

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, посочи дека  заводот е подготвен за почетокот на големата статистичка операција.

Според директорот, пописот е обврска на секој граѓанин, а не доброволна активност. Методологијата на попишувањето, пак, нема да се менува, подвлече, и покрај лошата епидемиолопка слика во државата.

„Мислам дека им е јасно на сите дека не можеме сега и воопшто немаме намера да размислуваме во таа насока да ја менуваме методологијата. Донесена е според закон, објавена е во Службен весник и одобрена од Евростат, така што менување на методологијата не доаѓа предвид. Во однос на какво било одбивање за попишување, има закон кој е многу прецизе. Ова е задолжителна активност, обврска на сите. Ова не е доброволна активност“, потенцира Симовски.

Во однос на попишувачите, повтори дека очекува да ма доволен број кандидати.

„По тестирањето ќе знаеме колку попишувачи имаме на располагање и тогаш ќе можеме да кажеме дали ќе ни биде потребен дополнителен кадар. Но, очекуваме да имаме секаде доволен број кандидати кои ќе ги избираме согласно конкурсот што денеска завршува. Утре ќе имаме конкретни информации, колку аплицирале за кои пописни реони, а задутре ќе знаеме и точно колку од нив ја поминале селекцијата. Можноста да ги добиеме на располагање времено анагажирание лица во државните и институциите на локалната самоуправа е за да се интервенира по потреба, таму каде ќе нема вентуално доволно кадар – различни јазици при попишување и слично. Но, се надевам и очекуваме дека тоа нема да се случи“, истакна директорот.

Евнтуално ангажираните, објасни директорот, ќе бидат платени само за работата што ќе ја извршуваат, како и секој друг учесник во пописот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи