Слаб интерес кај студентите за мерката субвенциониран оброк

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Помалку од една третина од планираните студенти се пријавиле за мерката субвенциониран оброк со која можат да добијат 2.400 денари месечно, 8.5 месеци во годината.

Министерството за образование оддели 15 милиони евра за финансирање на 40.000 студенти, но сепак интересот за оваа мерка не ги исполни очекувањата. До денес пријавени се помалку од една третина од планираните студенти, односно електронски се пријавиле 12.600 студенти.

Субвенционирањето треба да се исплаќа месечно на трансакциската сметка на студентот, во висина од 120 денари за ден, во текот на учебната година.

Право да аплицираат имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните факултети и приватните факултети. Условите кои треба да ги исполнуваат се да бидат државјани на Македонија, да не се во работен однос, да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по било која основа поголем од минималната нето плата, односно 15.194 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи