Сугарески: Целото мое искуство, стекнато знаење и вештини, ги посветувам исклучиво на Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Сугарески со објава на Фејсбук, се заблагодари на поддршката и укажаната чест за потврдата за кандидатура за градоначалник на општина Прилеп.

„Почитувани сограѓани,

Драги прилепчани,

Дозволете да ви се заблагодарам за искажаната поддршка, како и на централното раководство на СДСМ за укажаната чест да ја потврди мојата кандидатура за градоначалник на општина Прилеп.

Свесен сум дека преземам огромна одговорност и дека влегувам во најважната политичка битка во мојот живот. Доаѓа време кога целото мое искуство, стекнато знаење и вештини, ги посветувам исклучиво на мојот роден град, на Прилеп и на прилепчани.

Од денеска па натаму, ценети мои сограѓани, официјално и практично се соочуваме со предизвикот на претстојните локални избори заедно да оствариме голема и сенародна победа, во која сите ќе се вградиме и со која ќе се гордееме. Победа ЗА СИТЕ, победа НА СИТЕ!

Борбата за Прилеп секогаш била и ќе биди поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност. На Град Херој како Прилеп, единствено така и му приличи. Никако поинаку.

Почитувани мои сограѓани,

Јавно се обврзувам дека нема да делам, туку ќе обединувам. Дека немам предрасуди спрема никого. Дека ги препознавам и почитувам разликите. Дека искрено ја почитувам конкуренцијата и дека сум подготвен секоја добра идеја да ја интегрирам во мојата изборна Програма. Бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник на, без исклучок, сите граѓани на општина Прилеп.

Тргнуваме силно и непоколебливо, тимски да ја презентираме нашата визија за уште помодерен и поразвиен Прилеп. Да докажеме дека го имаме клучот за сите проблеми, дека имаме ефикасен систем за грижа на сите граѓани од градот и населените места.

Нашиот заеднички дом ќе го градиме заедно. Заедно ќе го направиме најдоброто за нашата општина“, напиша Сугарески.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи