Усвоен планот и протоколите за физичка настава во учебната 2021/2022

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Учебната година од први септември започнува со физичко присуство во основните и средните училишта, а наставата ќе се одвива под здравствени протоколи.

Владата на вчерашната седница ги усвои и Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта, во учебната 2021/2022 година, како и протоколите за постапување на средните и на основните училишта во Република Северна Mакедонија, за реализација на воспитно-образовниот процес, со физичко присуство на учениците, во учебната 2021/2022 година.

МОН останува на планот за настава со физичко присуство и потсетува дека ќе се следат препораките на Комисијата за заштита од заразни болести, па можни се уште 2 резервни сценарија за одржување на наставата.

„Сега е значајно сите заеднички да ги почитуваме протоколите и да имаме што поголема вакцинација за да го заштитиме јавното здравје, бидејќи нема подобро образование од она во училишните клупи. За да се зачува континуитетот на образовниот процес, МОН е подготвено со уште две резервни сценарија за одвивање на наставата, кои би се применувале по процена на Комисијата за заштита од заразни болести. Физичко присуство до моментот додека ни дозволува Комисијата за заразни болести ќе се спроведува. Ако влеземе во ризик, ќе го менуваме сценариото што ќе ни биде посочено како соодветно. Сите искуства во светот покажуваат дека во училниците треба да се спроведува настава. Децата што ќе одат во изолација ќе им биде овозможено да следат онлајн настава“, рече неодамна министерката Мила Царовска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи