Царовска: Универзитетите треба да се консултираат со МОН и со Комисијата за да донесат одлука за моделот на настава

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за образование и наука е надлежно за организирањето на наставата во основните и средните училишта, а универзитетите треба да се консултираат со Министерството за здравство и Комисијата за заштита од заразни болести и заедно да донесат одлука за моделот на настава и протоколите, порача министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Затоа ги повикувам сите универзитети, согласно моделите за кои размислуваат, да се обратат во Комисијата за заразни болести и заеднички да одлучат под кои протоколи. Затоа што секоја институција има свои специфики во работењето и протоколите треба да се приспособени на тие специфики“, изјави Царовска.

Откако Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скпскиот универзитет соопшти дека предавањата од зимскиот семестар на 2021/2022 ќе бидат комбинирани (онлајн и со физичко присуство), претседателката на УСС на УКИМ Ева Цветковска денеска соопшти за анкетата што ја спровеле, според која е мала разликата во ставовите на студентите кои сметат дека наставата треба да биде  целосно онлајн и оние што мислат дека сите треба да следат предавања со физичко присуство.

„Поради итноста, анкетата траеше само еден ден, но имаше голем одѕив. Обично имаме од 1000 до 2000 одговори, а на оваа добивме околу 7000. Гласот на студентите е поделен скоро на половина – беше околу 200 гласови разлика дали да биде комплетно онлајн или комплетно со физичко присуство. Многу е тешко да се делат студентите на вакцинирани и невакцинирани и ничие право не смее да биде ускратено за слушање на предавањата и полагање на испитите врз основа на тоа дали се вакцинирани. Секој има право на избор дали сака да се вакцинира, некои не можат од здравствени причини да се вакцинираат. Затоа апелирам до надлежните да обезбедат алтернативни начини со кои студентите би можеле да се вратат во академските клупи. Мора да ја имаме предвид моменталната здравствена состојба и да го правиме тоа што таа ни дозволува, бидејќи вирусот е непредвидлив и зема многу животи и не знаеме колку сме спремни да се вратиме целосно во клупите“, рече Цветковска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи