30 години подоцна бебето од „Nevermind”ги тужи Нирвана за детска порнографија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Бебето овековечено на омотот на албумот „Nevermind” на гранџ групата „Нирвана“, сега го тужи составот за детска порнографија.

Спенсер Елден кој денес има 30 години, подигнал тужба во вторникот на судот во Лос Анџелес, а во неа помеѓу останатото, наведува дека неговите родителите никогаш не му дале одобрение на бендот за користење на фотографијата и дека за неа не биле платени. Тој смета и дека таа фотографија засекогаш го поврзува со сексуалната експлоатација на деца за комерцијални цели.

„Обвинетите намерно комерцијално го употребија Спенсер во детската порнографија и ја искористија шокантната природа на неговата слика за да се промовираат себеси и нивната музика на негова сметка“, се вели во тужбата, поднесена во Калифорнискиот окружен суд во САД.

Фотографијата била направена во 1990 година во водниот парк во Пасадена, кога имал само 4 месеци, а албумот е објавен во септември 1991 година. Претходно се пишувало дека фотографот Кирк Ведл за неа му платил 200 долари на таткото на Спенсер.

Елден сега бара по 150.000 долари од секој од 17-те обвинети помеѓу кои се и колегите на Курт Кобејн од Нирвана, Дејв Грол и Крис Новоселич и фотографот Ведл. Притоа, засегната е и Кортни Лав, како наследничка на починатиот Кобејн, но и неколку други негови наследници.

Инаку, иако Елден ја изимитирал својата поза за 10, 17, 20 и 25-годишнината од пуштањето на албумот, сега вели дека не добил повеќе од оние 200 долари што ги зеле неговите родители за оригиналната слика. На последната имитација на сликата од 2016, Елден има и тетоважа со насловот на албумот.

Албумот „Nevermind“ го одбележа почетокот на гранџ ерата. Првичниот тираж беше 250.000 копии, но почна да се продава и по 400.000 копии неделно, а продадени се преку 30 милиони копии.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи