ВИДЕО – Изложба и презентација на мултимедијални работилници за реактуелизација на делото и ликот на Никола Мартиноски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Крушево, во музејот на НОБ, вечерва се одржа изложба и презентација на мултимедијалните работилници чија цел е реактуелизација на делото и ликот на нашиот великан во сликарството, Никола Мартиноски. Млади автори од Крушево под менторство на уметникот Емил Солески, твореа дела од Мартиноски. Во првата работилница се сликаше делото „Визита“ или „Именден“, а во втората работилница младите таленти од глина правеа скулптура на делото „Мајка и дете“. Настанот е дел од мултимедијалниот фестивал „Цело е кога се има 30“.

„Како прво имавме онлајн работилница поврзана пред се со творештвото и делото на Никола Мартиновски, уметник, сликар, татко на современото македонско сликарство. Со децата обработувавме една тема од неговите дела, многу интересна, „Именден“, односно „Визита“ на крушевски, каде учениците ја изработија во класични сликарски техники, а потоа се обидовме и направивме дигитална обработка преку одредени дигитални филтри за да го добиеме квалитетот на се она што е сработено, а од тука и да изучиме за современи сликарски техники. Другата работилница беше на тема „Мајка со дете“, повторно една многу обработувана тема на Никола Мартиновски каде што учениците за разлика од Мартиновски кој се занимавал со сликарство, се обидоа овој пат мајката со дете да ја прикажат тродимензионално, значи моделиравме во глина во првиот дел од работилницата, а потоа тие мали скулптури,минијатури ги обработивме со боја со цел да постигнеме некои нови ликовни вредности, секако инспирирани од творештвото на Мартиновски и неговите лепеза на бои“, истакна Емил Солески, уметник.

Првата работилница се изведувала онлајн, а додека втората со физичко присуство во дворот на училиштето „Наум Наумоски – Борче“. Учествувале ученици и од основното образование и од средното, а имало и еден учесник кој завршил ликовна академија во Скопје.

„Работевме и со цртање, но и со глина, повеќе со цртање работевме, но и со глина беше интересно. Неговото познато дело мајката кај што го дои своето дете беше главното со глина, а со цртање имавме повеќе избор од неговите дела, но најглавното беше да ги преработиме тие дела, да ги запамтиме неговите дела. Убаво е што работевме заедно, чувството после долг период, немавме контакт со корона вирусот и добро беше вака што се собравме младина од државава и се надевам дека ќе продолжиме вака со работа, не само со Мартиновски но и со други наши познати дејци“, вели Ратко Стојоски, учесник на работилниците.

 

„Искрено беше интересно, првата работилница ја работевме со глина, како прва задача, прва цел, требаше да направиме една фигура, една композиција „Мајка со бебе“. Искрено веднаш го направивме тоа, многу бевме успешни сите морам да кажам. После втората работилница беше да го обоиме нашето дело со бои, користевме акрилни и темперни и ги обоивме нашите дела, многу беше интересно

Како го оценуваш целиот овој фестивал „Цело е кога се има 30“, чиј што дел е и оваа изложба?

 Јас искрено доколку на една бодовна скала би го оценил е 10 од 10, искрено многу многу интересно беше. „Цело е кога се има 30“ е интересен проект кој што го вклучуваше и нашиот настан, каде што ние малку се забавувавме со глината и со боите“, кажа Атанас Ташкоски, учесник на работилниците.

 

„Се занимавам со уметност од млади години, ме привлекувала едноставно уметноста, начинот на изразување, сето тоа.

 Повеќе сликарство или скулптура, вајарство?

 Скулптура дефинитивно, сега за сега повеќе ме влечи скулптурата.

 Една твоја оцена за целиот овој фестивал „Цело е кога се има 30“, чиј што дел е и оваа изложба?

 Јас мислам дека беше многу добро, едно убаво искуство и дека ова треба да се повтори, не само за Никола Мартиновски, туку повеќе вакви настани да има“, додаде Сара Македонска, учесник на работилниците.

Фетсивалот „Цело е кога се има 30“ продолжува и утре во Bros’ Burgers & Bar со прикажување на два документарнии филмови. Првиот за култната македонска рок група „Мизар“, кој шот се вика „Мизар: Ѕвезда на надежта“, и вториот документарец „КЕИФ“ – Македонска Чалгиска Традиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи