Заев: Со згрижувањето на Авганистанците ќе ја испратиме пораката за хуманост и солидарност, имаме големо срце

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава бидејќи бројката постојано се менува како што вчера се откажаа дел и заминаа на други дестинации, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан ќе ја испратиме клучната порака, на солидарност, и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака и во најтешките моменти, порачува Заев.

„Зошто се определивме за поголема бројка од некои поголеми држави? Бидејќи веројатно имаме поголемо срце, бидејќи сме повеќе луѓе, бидејќи живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност“, рече Заев.

Премиерот дополни дека од авганистанските граѓани прво ќе стигнат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле околу 3.500 македонски војници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи