Се одбележуваат 111 години од раѓањето на Мајка Тереза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Мајка Тереза или Света Тереза од Калкута (Скопје, 26 август 1910 – Калкута, Индија 5 септември 1997) — католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и светица во католичкиот свет.

Мајка Тереза се смета за една од влијателните жени во светот. Денес се навршуваат 111 години од нејзиното раѓање.

Помагајќи им на луѓето низ светот во името на Бога, Мајка Тереза е совршен пример за тоа колкава може да биде човековата добрина и желбата да се помогне некому.

Нејзините зборови остануваат да сведочат за нејзината големина и љубов:

„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“

„Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“

„Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“

„Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“

„Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“

„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“

„Мирот започнува со насмевката.“

„Има работи кои ти можеш да ги направиш а јас не, но има работи кои јас можам да ги направам а ти не; затоа ајде да направиме нешто убаво заедно.“

„Не дозволувајте никој да замине од вас без да се чувствува подобро и посреќно. Бидете жив израз на Божјата добрина: добрина на лицето, добрина во очите, добрина во насмевката.“

„Ако сте обесхрабрени, тоа е знак на гордост бидејќи покажува дека верувате во сопствените моќи.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи