Спортската сала во Крушево станува современ и одржлив објект

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Продолжуваат градежните активности во спортската сала во Крушево. Во салата се работи на инфраструктура за систем за греење и ладење, а веднаш по завршувањето ќе се постави опремата за теретана.

„Во тек се градежни работи, се поставува нова фасада, ново иновативно греење и инсталација за гас, ново осветлување, преградување, изолации за довод на струја, топли влезови, уредување на кровот, уредување на просторот за теретана, соларни системи и сл. Со ова за многу краток период општина Крушево добива репрезент, комплетна функционална целина во спортската сала за повеќе спортови, големи меѓународни натпреварувања и нивни подготовки“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

Инфраструктурата за систем за греење и ладење е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, пот проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и Општина Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи