ВИДЕО – Промоција на документарните филмови „Мизар: Ѕвезда на надежта“ и „КЕИФ“ во Bros’ Burgers & Bar

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Фестивалот „Цело е кога се има 30“ вечерва продолжи со проекциија на два документарни филмови во Bros’ Burgers & Bar. Првиот за култната македонска рок група „Мизар“ или насловен како „Мизар: Ѕвезда на надежта“, во режија на Марко Џамбазовски и вториот документарец филм „КЕИФ“ за Македонска Чалгиска Традиција, во режија на Блаже Дулев. Прикажувањето на овие два филмови е во склоп на тематиката на Фестивалот, реактуелизација на нашето културно наследство.

Во првиот филм се зборува за продукцијата и снимањето на првиот албум на Мизар кој што моментално е еден од култните албуми на македонската музичка сцена и веќе неколку години котира како македонски најдобар албум. Вториот филм  „Кеиф“ ја следи историјата и влијанијата на чалгиската музика во Македонија, односно како чалгијата пристигнала во Македонија и како тие влијанија допринеле за развој на македонската чалгиска музика, но исто така и како македоските византиски влијанија влијаеле врз чалгиската музика“, кажа Саша Нацевски, организатор на фестивалот“.

Утре „Цело е кога се има 30“ продолжува со „Младински фестивал на локални изведувачи“ реализиран во соработка со радио емисијата teentopiashow заедно со Теодора Велкоска и Теа Кокондоска.

 „На наша чест емисијата teentopiashow која се емитуваше на Радио Пела е дел од овој голем проект, ќе се емитува и на радио, но предноста на оваа наша завршна епизода од цела емисија е што ќе има можност да има и публика, ќе има и млади изведувачи“, вели Теодора Велкоска.

 

„Значи ќе настапуваат млади артисти од нашиот град, а пред да настапат ќе му правиме мали интервјуа кои биле нивните почетоци и кратки прашања на кои би одговарале“, рече Теа Кокондоска.

Во недела пак исто во Bros’ Burgers & Bar на задоволство на сите ќе се одржи првата градска латино игранка со DJ Дејан PЕТЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи