Во Врање вакцинирани 13.300, ревакцинирани 11.106 Македонци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вкупниот број на вакцинирани граѓани од Врање, Србија, Македонија и други земји во Спортската сала Врање од почетокот на вакцинацијата до четврток, 26 август, изнесува 83.905, соопштија денеска од Здравствениот центар (ЗЦ) Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

Првата доза на Македонците им е дадена на 13.300, лица, на граѓаните на Врање и Србија на 29.510 лица и 9 дози на граѓаните на БиХ, соопшти порталот „Врање њус“.

Што се однесува до втората доза, на македонските државјани дадени им се 11.106 дози, на српските државјани 28.583 дози и на граѓаните на БиХ 12.

Трета доза на некои од вакцините, досега се дадени вкупно на 1.267 лица.

Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 52.956 пати за сите три дози (прва 26.432 пати, втора 25.470 и трета 954).

Потоа следи Фајзер, кој бил даден во вкупно 23.825 случаи (прва доза 12.787, втора 10.752 и трета 286).

Рускиот Спутник В даден е во 6.292 дози (прва 3.155, втора 3.110 и трета 27).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи