Во јули 306 пензионери зеле пензија над 52 илјади денари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), како пензионери со највисока пензија се водат 1.322-ца, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија се движи од 40.548 до 57.992 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 882 се со пензија од 42.240 денари. Во јули годинава имало 306 пензионери со пензија над 52.630 денари.

Минимална пензија, која се движи од 9.986 до 12.801 денар земаат 110 809  пензионери.

Во Македонија, 22.653 лица имаат месечни пензии кои се пониски од минималната, односно се под 9.986 денари.

На најголемиот дел од пензионерите, или 187183, на сметките им легнуваат пензии меѓу минималната и максималната, односно од 12.801 до 40.548 денари.

Вкупниот број на пензионери во јули изнесува 323.369 пензионери.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи