Нова мерка, важи од утрово: Задолжителен ковид-тест за Македонците кои патуваат во Грција само со негативен тест

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Задолжително ќе бидат тестирани за ковид патниците од Македонија за влез во Грција, доколку патуваат само со негативен ПЦР тест, а немаат сертификат за вакцинација или потврда за прележан вирус.

Дополнителната мерка е вклучена во новата министерска одлука на грчката Влада, а мерката е објавена во грчкиот Службен весник и важи од 6 часот утрово.

Задолжителното тестирање за влез во Грција важи за 16 земји, меѓу кои и за Македонија, а негативниот резултат ќе биде предуслов за влез во Грција.

Единствената промена се однесува на „сите патници, независно од државјанството и начинот на влез, кои во Грција пристигнуваат од државите: Египет, Албанија, Аргентина, Северна Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција” , а предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР и рапид тест на влезните точки во Грција.

Во однос на неопходните документи за влез во Грција кои се поврзани со ковид-19 нема промени и исто како и во изминатите три месеци за патување во соседната земја потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи