Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, а забелешките во наредните денови ќе бидат разгледани од Министерството за транспорт и врски.

„Ова е закон за којшто вршиме консултации низ транспарентна постапка. Ја помина процедурата на ЕНЕР, се дадоа одредени забелешки кои наредните денови ќе бидат разгледани во Министертсвото по што законот ќе го доставиме до Владата и кога ќе го имаме конечниот текст, ќе го доставиме и до Собранието“, изјави денеска министерот Благој Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на улицата „Париска“ во Тафталиџе 1.

Посочи дека на Предлог-текстот имаат забелешки доставени граѓани и граѓански здруженија, а во делот на законот кој се однесува на заштитетните подрачја рече дека внимателно постапуваат.

„Има доставено забелешки од граѓани и од граѓански здруженија и ние веќе дел ги вградиме имајќи предвид дека долго време се води дискусија за овој закон. Во делот на заштитените подрачја имаме уште внимателен пристап со што верувам дека после донесувањето на конечната драфт верзија која ќе оди во Собрание, ќе имаме можност да ја информираме јавноста за конечниот текст“, рече Бочварски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи