Улична трка на 4 септември во Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 4-ти септември во Крушево ќе се одржи улична трка во трчање на 5 километри во знак на одбележување на Денот на независноста и Денот на ослободување на Крушево, 8-ми септември.

Трката е во организација на Центар за хумани односи во рамки на проектот „Младински активизам за еко туризам“ со финансиска поддршка на Агенција за млади и спорт и во партнерство со општина Крушево.

Засега се пријавени околу 30 учесници, а останатите заинтересирани можат да се пријават на www.smartrace.club.

За подобра и поуспешна организација денес се одржа средба меѓу организаторите и претставници од угостителскиот сектор. На средбата угостителите се согласија за поддршка на настанот, односно угостителите ќе овозможат бесплатен престој, храна, пијалоци и слично на најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се обрати на средбата со угостителите и порача дека добро е да се поддржи настанот, но и дека сака да ги слушне проблемите на присутнтие затоа што овој сектор е најмногу погоден од коронавирусот.

„Угостителскиот сектор е најмногу погоден и денес сакам да слушнам за ваши проблеми, но и сугестии. Овој настан на 4-ти септември очекуваме да поттикне поголема посетеност, а сертификатот за Ковид 19 безбедна дестинација доделен од Европскиот совет за туризам и трговија во наредните години ќе ја зголеми посетеноста за 50 проценти, според очекувањата“, изјави градоначалникот Христоски.

Градоначалникот Христоски порача дека настанот кој ќе се одржи на 4-ти септември ќе донесе нови посетители на градот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи