ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Одамна беше времето кога личните амбиции на поединци ни изгледаа смешни поради нивната докажана некадарност. Нивните болни амбиции ги темелеа единствено на годините поминати во партиско чмаење, безидејност и страв од партиски активизам во опозиција и поради тоа беа наградени со остварување на нивните желби.

Откако таквите се позиционираа на функции, се тешевме со изговорот дека некој горе не знае што прави, дека не е доволно запознат со состојбите, дека погрешно го информираат, и дека затоа ги прави „грешките“ во кадровската политика, вакви невозможни.

Години потоа околу „таквите“ се накотија и позиционираа токму такви како нив, нестручни и некадарни. Ним единствената улога им беше да знаат како да ги селектираат луѓето за отстрел, кои не живеат во нивната матрица на лигав полжав и на таков начин да се заштитат себеси, од кадарни, работливи и стручни кадри на кои со секој изминат ден се полесно им беше да се откажат од натпревар во будалаштини. Затоа со тек на време станавме вакви безнадежни, обесхрабрени и аполитични.

Јас во животот можам да си простам се, освен чувството дека сум дозволил некој да ме избрка од сопствениот град, од државата и дека треба да заминам затоа што купот на гласни партиски полтрони е поголем од армијата на толерантни и мирни луѓе кои тука живеат.

Затоа, ова ќе го кажам сега, јасно и гласно, доволно едноставно за да може да ме разбере и најнискиот ешалон на партиски поттрчковци.

Терајте си ја вашата бедна кампања како ви душа сака, тоа и нам ни одговара за да се раздвоиме еднаш за секогаш и да се видиме кој од нас за што се бори. Во спротивно ќе дознаете што значи беда, црнила и пораз, на според нас многу полесниот начин.

Граѓаните овој пат сами ќе одлучат дали ќе изберат иднина за своите деца, во која нема да бидат принудени да потплатат и молат некој си беден локален шериф за едно заслужено вработување, решавање на некој административен проблем или да зависат од партиската наклонетост на еден или друг партиски табор.

Жарко Стеваноски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи