ДИК: 5164 лица се провериле во Избирачкиот список

Facebook
Twitter
Email
Print


Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека заклучно со вчерашниот ден (26.08.2021) вкупно 5164 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барањa за бришење на податоците од избирачкиот список и четири барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

До ДИК на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 17 барања.

Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае до 9 септември.

Јавен увид граѓаните можат да направат во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку веб страната на Комисијата.

Во меѓувреме, до 30 август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи