Воздухопловниот Клуб „Фил Феникс“ од Прилеп ја одбрани титулата државен првак

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На спортскиот аеродром во Прилеп во идеални временски и просторни услови но на моменти со непредвидливи термички струења, во организација на Воздухопловната Федерација на Македонија и Воздухопловниот Спортски Клуб „Фил-Феникс“ од Прилеп се одржа  Државното првенство во спортско моделарство за сениори и јуниори во категорија на воздухопловни модели за слободен лет.

Во изедначена конкуренција и неизвесност за пласманот до последниот старт, спортисти од Воздухопловниот Спортски Клуб „Фил Феникс“ Прилеп, Аеро клуб  „Витачево “ Кавадарци, Аеро Клуб „Скопје“ од Скопје и Аеро Клуб „Охрид“ од Охрид, се натпреваруваа за освојување на државниот трон во поединечна и екипна конкуренција.

 

Државното првенство се бодуваше во времетраење на лет во пет натпреварувачи летови, стартувани во пет турнус/час, во категориите:

Ф-1-А – едрилици  (сениори и јуниори)

Ф-1-Х – едрилици – помала категорија (јуниори)

Ф-1-Б – воздухопловни модели со погон на гумен мотор (сениори)

Ф-1-Ц – воздухопловни модели со погон на клипно елисен мотор (сениори)

Воздухопловниот Спортски Клуб „Фил Феникс“ Прилеп ја одбрани титулата и повторно е државен првак во генерален пласман, на второ место е Аеро клуб „Охрид“ а на трето Аеро клуб  „Витачево “ Кавадарци

Слика 00  Димче Велкоски – генерален пласман

Во категорија Ф-1-А – едрилици, поединечен пласман – Сениори:

  1. место Небојша Стошиќ  – Аеро клуб  „Витачево “ Кавадарци
  2. место Симона Тошеска – ВСК „Фил Феникс“ Прилеп
  3. место Небојша Стошиќ – Аеро клуб  „Витачево “ Кавадарци
  4. место Димче Велкоски  – ВСК „Фил Феникс“ Прилеп

 

Четворицата првопласирани се членови на репрезентацијата, и со постигнатите резултати се :

Во категорија Ф-1-А – едрилици, поединечен пласман – Јуниори:

  1. место Анастасија Пожарска – ВСК „Фил Феникс“ Прилеп
  2. место Зоран Петрески – ВСК „Фил Феникс“ Прилеп

Во категорија Ф-1-А – едрилици, екипен пласман:

  1. ВСК „Фил Феникс“ Прилеп – 1 екипа
  2. Аеро клуб  „Витачево “ Кавадарци
  3. ВСК „Фил Феникс“ Прилеп – 1 екипа

Во категорија Ф-1-Б – воздухопловни модели со погон на гумен мотор – Сениори:

  1. место Анастас Божиновски          – Аеро Клуб „Охрид“ од Охрид
  2. место Климент Масин                   – Аеро Клуб „Охрид“ од Охрид
  3. место Александар Цветановски – Аеро Клуб „Охрид“ од Охрид

Во категорија Ф-1-Ц – воздухопловни модели со погон на клипно елисен мотор :

Во најтешката и најсложена категорија на воздухопловни спортски модели со клипен мотор на првенството настапи само ветеранот Коста Стојановски од Аеро Клуб „Скопје“ од Скопје кој ги реализира сите натпреварувачки летови со висока реализација на бодови.

Во категорија Ф-1-Х – едрилици – Јуниори:

  1. место Петар Цветановски – Аеро Клуб „Охрид“ Охрид
  2. место Лука Најдоски          – ВСК „Фил Феникс“ Прилеп
  3. место Михаил Пожарски  – ВСК „Фил Феникс“ Прилеп
  4. место Марко Крстаноски  – ВСК „Фил Феникс“ Прилеп

 

Последна проверка на квалитетот на спортистите ќе биде настапот на натпреварите од светскиот куп „Прилеп Куп – Трофеј на Прилеп“ и „Македонија Светски Куп“ кои се одржуваат на Спортскиот аеродром во Прилеп на 2 и 3 Октомври 2021 година.

 

Но долгогодишниот континуитет и постигнати врвни резултати, како и овогодишните пласмани на првите четири места во сите категории на кандидатите за репрезентативниот состав, веќе му овозможува на селекторот Здравко Тодороски да го подготви списокот на официјални членови на репрезентацијата, која наредната 2022 година ја чекаат големи предизвици.

Сениорската репрезентација на свој терен ќе настапи на Европското Сениорско Првенство кое ќе се одржи во Прилеп од 18-22 Август 2022 година, а додека јуниорскта репрезентација ќе учествува на Светско Јуниорско Првенство во спортско моделарство во Романија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи