Мобилни канцеларии за параправна помош на жителите од најоддалечените рурални средини – Витолиште, Кривогаштани и Ропотово

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп  активно работи на територијата на Општина Прилеп и соседните општини Кривогаштани, Долнени и Мариовскиот регион во насока на овозможување на едукација и правна помош на граѓаните за остварување на нивните права со фокус кон ранливите и маргинализирани групи.

Во изминатиот период одржавме средби со Градоначалниците на Општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени на која се разговараше за унапредување на услугите за остварување на правата на граѓаните, а особено оние од оддалечените рурални средини. За таа цел, од страна на здружението беше презентирана иницијативата за воведување на  Мобилна канцеларија за параправна помош во село Витолиште, Кривогаштани и Ропотово која ќе биде достапна за граѓаните во одредени денови во неделата, а ќе се состои од тим на правник и параправник, кои ќе ги обезбедуваат услугите директно на граѓаните.

Имено, СТАНИЦА П.Е.Т. во изминатиот период преку своите правници и параправници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, нуди правна асистенција на граѓните во остварувањето на нивните основни човекови права. Сепак, дел од граѓаните кои живеат во оддалечените рурални места имаат потешкотии во добивањето на услугите поради оддалеченоста од градот, што ги принудува да патуваат понекогаш и повеќе од 100 км во двата правци. Со воспоставувањето на Мобилната канцеларија за параправна помош, граѓаните ќе можат да добијат помош и услуги директно во нивните заедници, со што значително ќе се подобри остварувањето на нивните права и ќе се овозможи еднаков пристап до правда за сите.

Градоначалниците од трите општини ја поддржаа иницијативата и дадоа свој придонес во имплементација на истата преку бесплатно отстапување на просторија во сопственост на општините при што изразија поддршка на ваквите иницијативи кои имаат за  цел унапредување на правата и квалитетот на живот на сите граѓани.

*Мобилната канцеларија за параправна помош се реализира со поддршка од Европската Унија и Украинската Фондација за Правна Помош.

Автор: СТАНИЦА П.Е.Т. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи