Бразилец примил 5 дози од 3 различни вакцини – го откриле кога отишол по шестата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Жител на Рио де Жанеиро успеал да се вакцинира со 5 дози од 3 различни вакцини, но бил откриен кога отишол да ја прими шестата и сето тоа во период од 10 недели.

Бразилецот одел во различни центри за вакцинација и од 12 мај до 21 јули се вакцинирал со две дози од вакцините „Фајзер“ и „Коронавак“ и една доза од вакцината „Астра зенека“, а бил откриен кога отишол да ја прими шестата доза, на 16 август.

За да се вакцинираат, Бразилците треба да бидат во одредена возрасна група што одговара на објавениот распоред, да приложат лична карта, а за да добијат втора доза, треба да го покажат сертификатот што им бил даден кога ја примиле првата доза. Центрите за вакцинација не даваат избор со која вакцина да се вакцинираат граѓаните.

Рио де Жанеиро е тешко погоден од новиот бран и мораше да ја прекине имунизацијата на населението поради недостиг на вакцини. Сепак, пријавени се стотици случаи на измама, при што луѓето патувале на вакцинални пунктови во други држави за да примат вакцини по свој избор или трета доза.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи