ВИДЕО – Државата и понатаму глува за судбината на Еурокомпозит, се кршат основните права – денеска нов протест пред О. Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Државата и понатаму останува глува за судбината на сегашните и поранешните вработени во прилепски Еурокомпозит. Револтирани од последната средба која ја имале со вицепремиеирот Битиќи, пред неколку дена, тие денеска повторно излегоа со проетест пред општина Прилеп. Обвинуваат дека државата засега нема намера да им ги исплати неисплатените придонеси од 2012 до 2019 година за што Собранието донесе одлука уште во октомври 2019 година. Ги слушале истите празни ветувања со години.

„Средбата помина во добар тек, Битиќи ни вети дека пари сега во овој момент немало, парите биле пренаменети за буџетската дупка од ковидот, но ќе се залагал да влеземе во буџетот за 2022 година. Односно на 15 ноември ќе имаме точна информација дали ќе влезиме во буџетот за идната година. Значи добивме датум за датум за преговори“, вели Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

„Ние имаме впечаток дека идеја за плаќање на придонесите нема. Исто така нема нииту идеја за фирмата. Прво велеа дека иима 2-3 продавачи дека ќе се подмират на таков начин нашите побарувања, сега не се споменува ниту тоа, се е оставено на милост и немилост. Лани бевме кај истиот овој Битиќи ова време и ни рече ќе гледаме да влезите во буџетот за 2021, не влеговме, е сега пак со истата приказна, ќе гледам да влезите во буџетот за 2022. Значи можи ќе влезиме… ако не има 2023, 2025, уште малку ако потрае ќе нема ни потреба што да носат одлука. Плус на 20 април се донесе одлука на Влада со која се задолжува претставникот на акциите, да го спроведи законот и се задолжува Министерството за финансии да обезбеди средства. Поарно од ова здравје“, истакна Пеце Велјаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

Исто така обвинија дека фабриката која е затворена година и половина не ја чува никој и е оставена на милост и немилост иако таму имало доста вредни работи, машини и опрема. Инаку преостанатите 35 вработени во државната компанија Еурокомпозит се оставени буквално на милост и немилост од страна на својт газда, а тоа е токму државата. Од декевмри 2019 година до денес имаат земено само 14.500 денари. Никој, ама буквално ама никој не ги прашал како досега живеат без денар, во екот на една страшна пандемијата и во екот на една од најголемите светски економски кризи. Не им се исплатени ниту здравственото ниту пензиското осигурување. Се лечат на приватно.

„Нашите побарувања се да ги добиеме неплатените придонеси 6.5 години, односно во просек секој вработен има за земање по околу 5.000 евра од фирмата, а фирмата во овој момент не ја обезбедува ни полиција, ни стражарска служба. Оставена е на милост и немилост, таа беше наменска индустрија и има многу вредни работи. Ниту полиција не ја обезбедува веќе“, рече Бунтески.

 

„Гледа народот што се прави, каде се трошат парите во државава, се даваат за некоии други непотребни работи, а за нас се работи за 2,5 до 3 миилиони евра за да се решат придонесите за 400 вработени, од што зависи висината на пензијата. Ние земаме по 10.000 или 11.000 денари пензија, наместо по 14-15.000 денари. Се остана само на ветување и ЌЕ биде“, додаде Велјаноски.

 

„Владата е најмногу виновна за оваа ситуација. На ваков или таков начин ја урнаа фирмата. Ги испуштија 150 вработени, можеше таа фирма да работи, таа не е фирма за пиперки и домати, таа е од витално значење, не знаеме што може да дојде во иднина. Државата е вииновна за се што не ја заштити оваа индустрија, таа се крие од овие наши протести, од овие наши улични судења“, истакна еден сегашен вработен во фирмата.

Државата како газда на овие работнции ги крши нивните основни човекови права, ниту ги отпушта од работа, ниту им го дава тоа што им следува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи