Во светот снемува кафе поради карантинот во Виетнам

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Долготрајниот карантин во најголемиот виетнамски град, Хо Ши Мин, може да нанесе уште еден удар врз веќе намалената глобална понуда на кафе, пишуваат британските медиуми.

Виетнам е главен извозник на робуста, разновидно кафе што се користи за производство на инстант кафе и некои мешавини еспресо.

Виетнамската асоцијација на производители на кафе и какао и други организации ја повикаа владата да ги ублажи ограничувањата за да избегне понатамошно одложување на испораката и придружните трошоци.

Минатата недела, виетнамскиот министер за транспорт одговори со наредба на регионалните власти на југ да ги ублажат непотребните мерки во транспортот на стоки, вклучувајќи кафе.

Проблемите со кои се соочуваат виетнамските производители се само најновите во серијата проблеми што ја мачат индустријата за кафе.

Жетвата во Бразил, најголемиот светски производител на врвни зрна кафе од сортата Арабика, претрпе поради суша и најголем мраз од 1994 година, што предизвика најголемо зголемување на цената на суровото кафе во последните седум години.

Штетата од мраз е толку голема што некои земјоделци можеби ќе треба да подигнат нови насади, што може да значи дека ќе им бидат потребни три години за да продолжат со производството, забележува Би – Би – Си.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи