Климатските промени погубни за земјоделското производство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Стотици хектари изгореа во општините ширум нашата држава изминатиов месец. Проценките на штетите почнаа, општините ги испратија комисиите на терен, земјоделците изгубија обработливи површини во пониските рурални средини, претрпеа штета на имоти, изгоре добиток. Изгореа дрвја стари пет децении.

Јули, годинава беше најтоплиот месец покажаа мерењата на светски научници. Екологистите се загрижени, а земјоделците најпогодени.

Според анализата за климатски екстреми во земјава направена како дел од CBIT проектот во склоп на Министерството за животна средина, можеме да очекуваме земјата во иднина да се соочи со потопла и посушна клима. Се очекуваат и екстремни бури кои ќе предизвикаат поплави. Наглите промени во времето се тешки да се предвидат, а ова значи огромни штети и загуби за земјоделците. Пожарите како директна последица од климатските екстреми предизвикуваат огромни штети и загуби, како по природните екосистеми така и по локалните заедници. Видовме како стока и житни култури се целосно пеплосани во пожарите кои ја зафатија целата држава овој месец, ова е материјална штета која државата ќе треба да ја надомести, меѓутоа нашата држава не е финансиски подготвена да ги надомести и да се справи со сите овие штети и загуби и ова е случајот со речиси сите земји во развој и неразвиени земји.

Државата, сè уште нема национален план за адаптација, односно приспособување на ранливите сектори кон овие новонастанати климатски услови со кој треба да се дефинира институционална рамка како и мерки и активности токму за адаптација и на секторот земјоделие. Извршната директорка на „Рурална Коалиција“, Лилјана Јоноски смета дека токму климатските промени се закана за биодиверзитетот, земјоделските екосистеми и човечка благосостојба. Според истражувањата има помали приноси во растителното производство каде што одредени сорти повеќе или не успеваат на овие простори, а во минатото давале максимални приноси.

Сведоци и на драстично намалување на приносите кај речиси сите земјоделски култури коишто се одгледуваат во државата. Ова намалување до 2025 ќе се движи до десет процени. Климатските промени за земјоделството носат двоен предизвик: од една страна земјоделството мора да ги намалува емисиите на јаглерод диоксид, метан и азот оксид во атмосферата, а од друга страна да презема мерки за адаптирање кон климатските промени чиј ефект е сè повидлив. Тоа ќе влијае и врз креирањето на земјоделските политики и стратегии, како и постепено адаптирање на правилата коишто заедничката земјоделска политика веќе ги има воведено за земјоделците коишто живеат во држави-членки на Европската Унија, а кон којашто се стремиме и ние, потенцира Јоноски. Исто така многу е важно да се работи на свеста кај земјоделците, бидејќи ѝ покрај штетите, мал е процентот на земјоделците кои преземаат мерки за ублажување на климатските промени, сметајќи дека тие се сè уште далеку од нас. За влијание врз креирањето на политиките за жал сеуште не може ни да стане збор ниту од граѓанските организации ниту пак од другите засегнати страни, па согласно последните трендови во ЕУ и заедничката земјоделска политика, потребата од климатски акции за климатските промени во земјоделството и подигнување на свеста кај земјоделците за потребата од нивна директна акција на терен како и на сите нас станува нужна.

Овој новинарски текст е изработен во рамките на проектот “Климатска акција за климатските промени во земјоделството“ кој што го спроведува Рурална Коалиција со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество – Македонија.

Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан од Цивика мобилитас.

 

Автор : Лилјана К. Јоноски – РУРАЛНА КОАЛИЦИЈА

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи