Официјално: Македонија е тргната од листата безбедни земји на ЕУ, повторно важат ограничувања

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Европската унија денеска ја отстрани Македонија од ковид-листата на безбедни земји со што повтроно воведува построги гранични контроли за влез. Покрај Maкедонија, од листата се отстранети и Израел, Косово, Либан и Црна Гора.

Оваа одлука значи дека македонските граѓани повторно ќе се соочат со ограничувања и построги контроли при несуштинските патувања во Европската Унија, како тестирање и карантин. Таа не е обврзувачка за сите членки на Унијата, туку секоја држава има право да воведе свои гранични правила.

На европската „бела листа“ сега има 17 држави, вклучувајќи ги Канада, Јапонија и Нов Зеланд.

Таканаречената листа на безбедни земји, на која се најде и Македонија, беше усвоена од Брисел на 15 јули годинава и на неа се најдоа 23 држави. Сепак, листата е подложна на промени врз основа на ситуацијата со коронавирусот во секоја држава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи