Спасовски: Досега нема кривична пријава за лажен здравствен сертификат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Воглавно се почитува одлуката за посета на угостителските објекти и затворените трговски центри со ковид сертификат и засега нема кривична пријава за лажен здравствен сертификат, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Контролата за нејзино спроведување ја има Државниот пазарен инспекторат и тој во секој момент може да побара асистенција од МВР или Финансиската полиција. Ако има потреба од заеднички настап тоа го правиме постојано во целиот изминати период за сите контроли кои се однесуваат за заштита на здравјето на населението“, рече Спасовски во интервју за ТВ Канал 5.

Нагласи дека веќе е отворен предмет за можна злоупотреба на здравствени сертификати, како што претходно имаше и за лажни ПЦР тестови и ги повика лекарите да не им даваат лажни потврди на граѓаните за да го избегнат вакцинирањето, за кое кажа дека е единствен начин за справување со пандемијата и ги повика граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.

„Лекарите нема да направат ништо добро доколку се прават потези со кои ќе ги изиграме одлуките, бидејќи вакцинацијата и почитувањето на мерките е нешто што може да даде резултати во стопирањето на ширењето на вирусот ковид -19“, потенцира Спасовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи