Царовска: Нема менување на моделот за настава, учебната година ќе почне на 1. септември

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


По најавената средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со директорите на средните училишта за условите во кои треба да започне оваа учебна година, поради нивната загриженост од епидемиолошката состојба во земјава, Царовска изјави дека таа средба е единствено за спроведување на мерките за заштита од ковид-19 и подготвеноста на училиштата тоа да го овозможат.

„Јас во континуитет имам средби со сите директори. основните завршија во средата, четвртокот и петокот.

Денеска се договорени сите средни, не само скопските средни училишта и ќе има дискусија по однос на стартот на учебната година, но по однос на менување на моделот, нема таква дискусија, заради тоа што од локалниот координативен штаб од Тетово пристигна барањето за две недели применување на онлајн настава при што Комисијата за заразни болести утврдува дали одреден модел се менува или не.

Комисијата за заразни болести утврди дека тие може да одат со онлајн настава само поради преоптовареност на болницата, но не и поради други параметри.

 Денеска нема да се дискутира за промена на моделот на следење настава, туку за почетокот на учебната година. Среќни сме што Владата донесе одлука за настава со физичко присуство и јас се надевам дека што подолго ќе останеме во училниците“, изјави Царовска, по посетата на ООУ „Никола Карев” во Пробиштип.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи