ВИДЕО – Започна поделбата на картичките за зелена нафта – земјоделците во Прилеп се жалат на намален род поради сушата


Денеска во Прилеп започна поделбата на картичките за зелена нафта на земјоделците. Се работи за околу 2.000 земјоделции од општините Прилеп и Долнени.

„Станува збор за околу 2.000 земјоделци кои имаат стекнато право да добијат зелена нафта. Што е за поздравување. Оваа година на земјоделците им се покрива 50% од трошокот за нафта“, истакна Зоран Пачешкоски, раководител на МЗШВ Прилеп.

Земјоделците велат дека оваа нафта ќе им биде добредојдена за да покријат дел од трошоците затоа што оваа година поради сушата бил преполовен родот, особено кај сончогледот и пченката.

„Најголем дел сушата се одрази на сончогледот и на пченката, штетата е дурии до 50%, како ќе се покриваме незнам, по се изгледа ќе бидеме загуба“, рече Драшко Кузманоски, земјдоделец од с. Костинци.

 

„Сушата ни го турна приносот, најмногу на сончогледите, тутунот го спасивме со наводнување, а настрадавме малку и со приносот на пченицата. Очекуваме некое зголемување на откупната цена на сончогледот, бидејќи се зголеми цената на маслото, но ќе видиме“, вели Беџет Исламоски, земјоделец од с. Канатларци.

Дел од нив велат дека загубите планираат да ги намалат со скратување на една операција во обработката на земјата.

„Значи немора да одиме директно на орање, сега може директно со култивирање и сеење. Тоа е најнова технологија за да спасиме дел од нафтата. Барем до 3-4 литри по декар или по 40-тина литри по хектар. Инаку трошиме некаде до 60 литри со основна обработка како орање, дисковање, дрлање, сеење, па одново дрлање, што значи трошоците се многу големи“, потенцираше Славе Каралиоски, земјдоделец од с. Мало Коњари.

Картичките земјоделците може да ги подигнат секој работен ден во просториите на МЗШВ во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи