Филипче: Здравјето на учениците е приоритет

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека здравјето на учениците е приоритет, како физичкото така и менталното.

„Учебната година ја започнуваме со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот. Наставата ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи. Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар. Во Србија, наставниот процес ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците“, пишува Филипче.

Тој додава дека учениците ќе носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците.

„Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени.Во Хрватска, планот за одржување на наставата ќе се настојува да се одвива целосно во училниците. Хрватскиот завод за јавно здравство препорача вакцинација на деца постари од 12 години со хронични болести, за оние кои во семејството имаат таков член, за постарите средношколци и оние кои учат во здравствена, угостителска, туристичка насока и услужни дејности. Апелираме родителите на децата што одат во училиште и градинка да се вакцинираат, за да го заштитат семејството од ширење на болеста“, порачува Филипче.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи