5 новозаразени и 2 починати лица од ковид-19 во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 209, Куманово – 14, Гостивар и Кавадарци – по 10, Струмица – 9, Тетово – 8, Дебар – 7, Прилеп и Велес – по 5, Охрид и Кичево – по 4, Струга и Кратово – по 3, Битола и Радовиш – по 2, Штип, Кочани, Неготини и Берово – по 1.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од: Скопје – 155, Тетово – 118, Гостивар – 113, Струмица – 29, Кичево – 26, Куманово – 19, Кавадарци, Велес и Свети Николе – по 9, Прилеп – 8, Битола и Валандово – по 7, Штип – 6, Берово и Гевгелија – по 5, Кочани и Ресен – по 4, Дебар, Радовиш, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кратово, Неготино, Виница и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се 32 починати лица: 5 починати лица од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г), по 4 починати лица од Скопје (34г,57г,68г и 70г), Тетово (49г,56г,75г и 85г) и Кичево (55г,66г,72г и 72г), 3 починати лица од Струга (73г, 76г и 82г), по 2 починати лица од Куманово (50г и 70г), Прилеп (32г и 75г) и Штип (72г и 87г), и по едно починато лице од Струмица (54г), Гевгелија (50г), Кочани (64г), Радовиш (62г), Охрид (77г) и Делчево (72г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Направени се 2.628 тестови преку: ИЈЗ-19, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово –1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-134, Биотек-163, Систина-124, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа -5, Никоб лаб-432, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-70, Ројал Медика –0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.517.

Досега во земјата се направени вкупно 1.152.327 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи