88 санкции за преголема брзина викендов на територија на СВР Битола

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 29.08.2021 во периодот од 13 до 19 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 63 мерки по акциската контрола. Вкупен број на возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина во населено место се 40, додека 23други возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место.

На 30.08.2021 во периодот од 06 до 09 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 25 прекршоци, од кои 14 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 11 за пречекорување на брзината надвор од населено место.

За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи