Исклучени од сообраќај 41 автобус, комбиња, такси возила поради неисправни кочници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во текот на вчерашниот ден (30.08.2021) Министерството за внатрешни работи на територијата на Република Македонија спроведе зајакната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други).

Притоа, биле откриени и санкционирани 41 технички неисправни возила, кои биле соодветно санкционирани.

Најголем број од возилата имале неисправни уреди за запирање, а седум не извршиле вонреден технички преглед.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи