Арсовски: Се е подготвено за почеток на пописот, сигурни сме дека граѓаните со доверба ќе ги примат попишувачите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Се е подготвено за почеток на пописот којшто треба да почне во недела на 5 септември, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

На редовната прес-конференција во Владата, Арсовски соопшти дека во сите комисии на 50-те пописни реони се завршени обуките на реонски инструктори и реонските попишувачи.

„Во деновите до недела, кога во 8 часот наутро попишувачите ќе излезат на терен, ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови со кои се задолжени попишувачите.

До недела, секој попишувач заедно со својот реонски инструктор ќе направи и план за движење низ пописниот круг со цел ниту еден објект, ниту едно домаќинство, да не остане неопфатено.

Сигурни сме како Влада дека граѓаните со доверба ќе ги примат попишувачите и ќе им ги дадат потребните податоци коишто ќе овозможат подобра иднина за сите нас и за земјата во целина“, изјави Арсовски.

Пописот ќе се спроведува до крајот на септември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи