ВИДЕО – Претставата „Умри машки“, на „Чин 4 Сцена 5“, вечерва се одигра во состав на „Цело е кога се има 30“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


После пауза од 18 месеци училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ од Прилеп вечерва ја одржа првата претстава насловена „Умри машки“. Претставата беше одиграна во состав на фестивалот „Цело е кога се има 30“.„Умри машки“ „Чин 4 Сцена 5“ ја поставуваат по втор пат. Првиот пат било во 2016 година, но со друг актерски состав. Претставата е од жанрот комедија.

Тоа е една трио драма, односно комедија, во која што се зборува како невозвратената љубов може да предизвика и психопатски однесувања од страна на еден од партнерите, во овој случај тоа е жената. Ии можам да кажам дека и покрај тоа што се чувствувам среќен што повторно се враќаме на сцената и покрај овие ковид протоколи кои ни го ограничуваат бројот на публика, можам да кажам дека имаме и трема бидејќи по подолго време се враќаме на сцена и публиката го очекува што секој пат го очекува од нас, а тоа е квалитетна претстава, една добра забава и пред се да се претставиме во најдобро светло со надеж дека кога ќе ја почнеме новата учебна година ќе привлечеме што е можно повеќе ученици да ни се приклучат во нашето училиште“, истакна Саша Нацевски организатор на фестивалот и режисер на претставата „Умри машки“.

Претставата е во режија на Саша Нацевски, а играат Кире Најдоски, Максим Алексоски и Теа Кокондоска.

Во претставата се зборува за машко женските односи и тоа како вистинската љубов може да биде некогаш и опасна. Јас ја играм улогата на Ева, една луда жена која сии поигрува со животите на двајца мажи“, рече Теа Кокондоска, актерка.

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ е во подготовка на уште 2 други претстави кои треба да имаат своја премиера во септември.

Во моментов подготвуваме завршни престави, една на 16 септември, кога е планирана завршната претстава, на сега веќе средната група, која што се вика „Че ја мажиме Ане“, а на 24 септември станува збор за завршната претстава на почетната мала група, која што е уште без наслов бидејќи тоа е обработка на една тематска единица“, додаде Нацевски.

Од „Чин 4 Сцена 5“ се надеваат дека претставата „Умри машки“ ќе биде поставувана и после завршувањето на фестиивалот „Цело е кога се има 30“. Инаку утре во рамки на фестивалот е концертот на „The Dreamers“ или игранка во ритамот на македонските 90-ти, во 21 часот на летната сцена на домот за култура „Марко Цепенков“. На летната сцена ќе биде активно фестивалското бифе и малиот книжевен саем. Влезот е бесплатен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи