ВИДЕО – Учебната година започна за 9.583 ученици во Прилеп, од нив 668 се првачиња, а 774 настава ќе следат онлајн

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Учебната година денеска започна за 9.583 ученици во Прилеп, од нив 6.287 ученици се во основно училиште, а 3.225 во средно. Во Прилеп годинава има 668, а 774 ученици настава ќе изведуваат онлајн, тоа се учениците кои се во гимназијата „Мирче Ацев“. Новина оваа година е тоа што наставата со физичко присустви започнува за сите ученици. Според информациите од Општина Прилеп досега само двајца родители поднесле барање за онлајн настава. Министерството за образование донесе протокол со 38 точкии кои ќе мора да се почитуваат при одвивањето на наставата.

„ Денес, 1 септември нашето училиште, основното општинско училиште „Рампо Левката“ од Прилеп широко ги отвори вратите за сите наши ученици со доаѓање на настава со физичко присуство. За таа цел ние ги ставивме во функција сите влезови, со почитување на сите протоколи, учениците доаѓаа на училиште со дезинфицирање на рацете, нозете, со мерење на температура. Сите наставници си ги прибираат своите ученици со почитување на протоколите и со внесување во своите училници.

Како се одвива точно тој процес, сите ученици оваа година до 9 одделение се присутни во училиштето?

За таа цел ние имаме поставено во функција да влегуваат во сите влезови и со правење на скалесет распоред. Тоа значи дека на секои 5 минути влегува паралелката и на секои наредни 5 минути влегува наредна паралелка.

Дали ќе има одмори оваа година?

Одморите се предвидени исто така во траење од 15 до 20 минути, исто така со присуство на своите наставници и со почитување на протоколите. Наставата кога дозволуваат условите ќе се изведува со отворени прозорци и за време на големите одмори учениците ќе излегуваат надвор, а на малитеодмори ќе бидат во училницата. Додека трае наставата учениците работат со маски, а изведувањето на дополнителните потреби како одење во ВЦ ќе се изведуваат за време на часовите со цел да не се прават гужви по ходниците“, вели Менче Аџиоска, директор во ООУ „Рампо Левката “ во Прилеп.

Оваа година има и голем број новини во образовниот процес.

„ Новина која што е во основното образование, тоа е концепцијата за основно образование т.е. програмите за прво и четврто одделение. За во прво одделение имаме доставено до сите училишта на ниво на општина Прилеп учебници по македонски јазик, математика, општество и природни науки кои истите во текот на денов ќе бидат подигнати заедно со скромниот подарок од училишен прибор од страна на локалната самоуправа, за да акцентираме дека посакуваме среќен почеток.

Што значи конкретно за програмата за прво одделение, како никогаш досега кажувам покрај набавените печатени учебници има и нагледни средства набавено кои се во корелација со програмата која ја бара, така да тука се зголемува креативноста и се олеснува работата на самите наставници. Заврши времето кога наставниците ќе носат нагледни средства од дома. Тоа е и целта, знаењата, умеењата, вештините, ставовите, социјализацијата, креативноста, вредностите за демократски граѓани се стекнуваат токму во училиште меѓу училишните клупи, така да тоа е и целта да учењето го стекнуваме тука, а надоградба т.е. малку надополнување да имаме дома. Да немаме паралелно и во континуитет учење и на училиште и дома, затоа несебнично локалната самоуправа се заложи во одговарање на овој предизвик да се набават нагледни средства колку што е потребно.

Дури навистина зачудувачка сума е, како ниедна друга општина на ниво на Република Македонија е вложено вкупно 17 милиони денари да се набават тие нагледни средства во сите училишта. Така да на дело може да се види сите наставници, родители и ученици и да истите тие нагледни средства да бидат искористени да се развива критичкото мислење и знаењата да бидат трајни и применливи“, истакна Каролина Николоска, советник за образованиие во Општина Прилеп.

Николоска вели дека според новата програма во 4 одделение постојат и дигитални и печатени учебници. Дигиталните учебници и апликацијата токму денес ќе биделе достапни за симнување. Иисто така немало да има ученик кој е од социјално загрозена категорија, а да нема ИТ уред, а додека другите ученици не требало да носат таблети на училиште. Секој ученик доколку сакал и печатен учебник истиот ќе му го испечатело училиштето.

„Училиштето е снабдено со ИТ технологија, така да учениците своите наставни содржини во зависност од креативноста и способноста на наставниците, наставната содржина ќе си ја реализираат со ИТ уредите кои им се достапни во училницата, конкретно смарт таблите. ИТ уредите кои им се потребни на учениците дома се конкретно таблетот или лаптопот, ако сака ученикот да се дополни или надогради од она кое го учел во текот на денешниот ден.

Нема да има домашна?

Се оди кон тоа да има домашна, но не онолку оптоварувачка. Домашната ќе има една цел за благо повторување на оваа наставна содржина, не на сите, на онаа наставна содржина која што гледаме дека е пообемна и каде што гледаме дека треба многу повеќе внимание, така да тие домашни работи нема да бидат фрапирачки и застрашувачки за самите ученици, туку само едно благо потсетување на истите. Во текот на летниот период имаше перманентно обучување, конкретно и за домашните работи, за слободните активности, за реализацијата на наставните содржини од 1 и 4 одделение на сите наставници кои оваа година ќе бидат вклучени токму во прво и четврто одделение. Целта е буквално надоградување на воспитно-образовниот процес. Олеснување на самите наставници е тоа што имаат обезбедено ИТ уреди, имаат обезбедено нагледни средства за секоја наставна содржина и воедно му дозволуваат да имаат интелектуална слобода како наставници. Креативната автономија кај самите наставници никој нема да ја оспори и навистина тука треба да имаме навистина постигнати резултати и успеси во оваа учебна година, ако, да не посакуваме, се случи некоја непосакувана состојба со невидлиот непријател актуелниот вирус“, додаде Николоска.

Во зависност од ковид ситуацијата има разработено и опции за прекин на наставата со физичко присуство и враќање на онлајн предавањата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи