Визер: Целиот екипаж ќе биде вакциниран

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


„Визер“ објави дека од 1 декември, целиот екипаж во неговите авиони ќе биде вакциниран против ковид-19, а во специјални случаи и ќе се тестира.

Од авиокомпанијата кажаа дека ова го прават во интерес на здравјето и безбедноста на своите патници и екипаж, што пак ќе овозможи непречени и континуирани летови на долг рок.

„Приоритет број еден за нас се здравјето и безбедноста на нашите патници и вработени. Имаме одговорност да ги заштитиме екипажот и патниците во авионот со ублажување на ризиците од ковид-19, а вакцините играат витална улога во ова“, изјави Јозеф Варади, извршниот директор на „Визер“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи