Камионите без застој ја преминуваат границата, новите мерки не важат за нив

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Ограничувачките мерки за влез и излез од државата кои важат од денеска сепак нема да важат за транспортерите на стока. Владата на вчерашната седница одлучи дека тие ќе бидат исклучок од оваа мерка.

Сега камионџиите, како домашните, така и странските нема да застануваат на граница за да покажат негативен ПЦР тест, сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид 19.

„Исклучок од оваа мерка се домашните возачи на товарни возила, како и странските возачи на товарни возила кои транзитираат низ земјата“, објави Владата.

Со ова се надмина неизвесноста во која беа камионските транспортери за кои примената на мерката значеше штета по бизнисот, а за државата нарушување на синџирот на достава на стока, пред се храна, фармацевтски производи, нафта и друго.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи