Кофод: Македонија е подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Данска смета дека Република Македонија е подготвена да почне со преговори за членство во Европската Унија и за тоа ќе се залагаме. Се надевам дека подоцна годинава или најрано можно ќе донесеме таква одлука и оти сите 27 земји членки на ЕУ ќе застанат зад неа, порача денеска во Скопје данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод кој претстојува во официјална посета на земјава.

„Сметаме дека Македонија е подготвена да почне со преговори за членство и ние за тоа ќе се залагаме.  Се надевам дека разговорите меѓу Македонија и Бугарија ќе дадат резултат, но ние сме фокусирани врз европската интеграција и многу е важно да се сфати дека реформите и работата во правец на европска интеграција треба да продолжат. Секако сметаме дека треба да почнат преговорите за членство на Македонија. За нас е многу јасно дека сте подготвени за членство. Се надевам дека подоцна оваа година или што е најрано можно ќе донесеме одлука и се надевам дека сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и Бугарија ќе застанат зад таквата одлука“, порача министерот Кофод во одговор на новинарско прашање по средбата со неговиот колега министерот Бујар Османи.

Тема на денешната средба меѓу двајцата министри било европското досие на Македонија и на целиот регион на Западниот Балкан, а станало збор и за актуелните теми во меѓународните односи и безбедноста, пред се состојбите во Авганистан и ангажманите на државите за помагање и згрижување на цивилното население. Двајцата соговорници разговараат и за билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план и можноста за нејзино унапредување.

Македонија е првата земја од регионот што Кофод ја посетува, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи