ПрилепНаТочак: Започна учебната година, внимателно зад воланот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денес е почетокот на учебната година, денот кога сите ученици одат кон првиот училишен час… Така барем беше некогаш, денес не одат, денес се возат. “Вози вози прваче кон школскиот двор”, велат од ПрилепНаТочак.

„Во што се претвори Прилеп?

Маалските училишта кој се на 100, 200, 500 метри од домот станаа не безбедни дестинации за пешачење?

Виновни за тоа се разбира дека се оние што го планираат сообраќајот во градот, но на второ место сме сите ние, учесниците во истиот.

Едноставно кажано се лудува низ улиците и преку ноќ, но и преку ден.

Нема никакво зголемено внимание на пешачки премини, нема зголемено внимание пред училиштата и игралиштата каде што има деца.

Поголемиот дел од возачите се однесуваат како секоја минута да им значи живот, па брзаат, свират, претекнуваат, паркираат кај ќе стигнат, се разбира во отсуство на санкциите кои треба да се изрекуваат, останува само на нивната совест и сообраќајна култура“, потенцираат од ПрилепНаТочак.

Возачи, штом влезете во автомобил не заборавајте дека и вие сте луѓе, возете внимателно затоа што започна учебната година и затоа што во Прилеп се уште има дечиња кој одат пешки или со точак на училиште, кои се надеваме во иднина ќе бидат во што поголем број.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи